Истражувачи од Универзитетот за технологија при Чалмерс развија уникатен интегриран погон-мотор и полнач за електрични возила. Споредено со денешните електрични полначи, тие успеале да го намалат времето за полнeње од осум на два часа и да ја редуцираат цената за околу 2,000 долари.
Саед Хагбин, доктор на науки по електротехника, во своите докторски студии го развил концептот за да се направи оптимален електрополнач. Резултатот е нов високомоќен интегриран погон-мотор и батериски полнач за возила, каде што е вграден нов метод за трансфер на енергијата, преку таканаречен, ротирачки трансформатор.
„Идеалното сценарио би било да имаме доволно моќен полнач кој би ги полнел батериите за пет до десет минути, но ова во овој момент би чинело над 100.000 долари, што во принцип е прескапо, дури поскапо и од самата кола“, ќе изјави Саед Хагбин. „Прашањето кое си го поставивме беше: како да ја намалиме големината, тежината и цената за он-борд полнач.“
Поради тоа што електричниот мотор и инвертерот не се користат за време на полнењето, истражувачите ја разгледуваа можноста, истите да се искористат во полначкиот циклус и да се развие некаква форма на интегриран мотор и батериски полнач. Со други зборови, дали е можно да се користи моторот и инвертерот во циклусот на полнење за да се зголеми моќта на полнење, но при пониска цена?
„Наместо да имаме посебен изолиран батериски полнач, ние направивме нов концепт за трансфер на моќта, така-наречен ротационен трансформатор, кој што е направен да прави како што кажува името, имено, да пренесува електрична енергија додека ротира“, вели Саед. „Батеријата се полни преку трансформатор и (split) разделен-фазен мотор кој што е дизајниран специјално за оваа цел.“
Овој тип на интегриран полнач е, од перспектива на Универзитетот Чалмерс сеуште во лабораториска фаза. За да се постигне пооптимален систем, потребни се дополнителни истражувања и експерименти, но патентот е резултат на Шведски и други пријателски истражувачки интернационални центри. Чалмерс бара потенцијални индустриски корисници, како ВОЛВО со кои универзитетот соработува за да се искористи системот во индустриско производство.
„Електричите коли се дискутирани како можно решение за редукција на ЦО2 и дебатите околу електричните возила сеуште траат.“ „Ако решиме да ги решиме главните проблеми со батериите и батериските полначи, сметам дека приказната на електричните возила ќе успее на среден и долг рок, а тука не смееме да ги заборавиме ниту, е-возовите, трамваите и плаг-ин хибридите. “
Извор: sciencedaily.com