Бенефитите од вградување на електромотор во тркалата на возило може да ги видите на видеото за Мерцедес-Бенз SLS AMG. Ако сите тркала се на таков погон, бенефитот, теоретски е поголем.
Се работи за дизајнирање на технологијата на електромотори вградени во самото тркало; како in-wheel проектот на Siemens eCorner на што компанијата Protean работи во последните неколку години. Од Протеан објавија дека во 2013 ќе почнат со производство на прототиповите. Последен пат ги видовме дизајните на Протеан во мај 2012 кои соработуваат со Мерцедес, на моделот БРАБУС.
Соработката на Протеан не завршува само со Мерцедес, тие соработуваат и со Форд F-150 пикап камион, карго венот на Вауксхал и со кинеската фамилија на седани Трумпчи.
In-wheel моторите на Протеан може да се вградат и во хибридни и во чисто електрични возила. Секоја единица од овие електромотори е вградена зад тркалото или поточно е дел од самото тркало и дава моќност според Протеан, токму каде што треба и колку му е потребно на возачот. Моторите имаат моќ од 75 kW (100 коњски сили) или 735 фунти на фит, момент.
Тежината им е околу 68 фунти, околу 32 килограми, што не е баш добро за вкупната маса на возилата. Од Протеан тврдат дека подобрувањата на in-wheel моторите е до 30 проценти од претходните верзии во смисла на економичност, но тоа зависи од батерискиот пакет на секое поединечно возило. Протеан тврди дека успеале да ја контролираат кинтеичката енергија при кочење и до 85 проценти од истата да ја вратат во батериите (регенеративно кочење). Најбитната придобивка е што на овој тип на иновативни мотори од Протеан ќе може да им бидат монтирани дополнителни делови според потребите на возачите.
Не е познато кога првите возила со моделите на Протеан ќе се појават по патиштата, но бенефитите во смисла на инженерство, иновација и неколку чекори понапредни дизајни и решенија кон усовршувањето на електричните и хибридни возила со оваа технологија се значителни, а тоа во принцип значи дека моторите никогаш повеќе нема да бидат под хаубата.
Извор: greencarreports.com