Полнењето на електричните возила во иднина ќе се гледа како паркирање на возилото; системот ќе функционира автоматизирано. Технологија овозможува полнење на батериите при самото оставање на возилото на паркинг со порамнување на намотките на магнетното коло од возилото со намотките на магнетите на паркингот. Со ова процесот ќе биде поедноставен, исклучувајќи ги каблите и конекторските склопки итн.
Системот, да повториме основи на електротехника трансмитира електрична енергија преку магнетна резонанца која се формира со промена на интензитетот на магнетното поле во намотките систем: возило-под. Поентата е да се намалат загубите кои би ги имале доколку тоа се прави со напонски кабли со доста висок во принцип еднонасочен напон.
Интерференцијата која би се случувала доколку системот не е во линија (намотки горе-долу) како и системите кои се во колата или на паркингот се исто така дел од дизајнерскиот концепт, имено да се намали електромагнетната интерференција. Уредот кој ќе биде на подот на паркингот е направен така, да е доволно робусен и да издржи доколку возилото со едното тркало помине врз него.
За да се воспостави перфектно порамнување на магнетните линиите (флукс) на за проток на магнетната енергија, Tојота разви Интелигентен паркинг систем кој покажува визуелно, табла на возило, но и на интел системите на возилото да се воедначат според потребата.
Тестовите кои ги прави Тојота во префектурата Аичи ќе биде искористена да се усоврши системот понатаму. Тестовите ќе се базираат на кориснички фид-бек, невоедначеноста на линиите на проток на магнетната енергија, колку често и колку ќе се полнат возилата итн. Идејата е да се создаваат еко-технологии со електрични возила и да се размислува технологијата да биде дел од околината, а не надвор од неа како и да се зголеми мобилноста, а во суштина технологијата да биде далеку поедноставна за управување и високо интелигентна, автоматизирана итн.
Метод | Мегнетна резонанца |
Фреквенција | 85 kHz |
Влезен напон | AC 200V |
Моќ | 2 kW |
Време на полнење | До 90 минути |