Press "Enter" to skip to content

iMIEV во Македонија

Првото електрично возило пристигна во Македонија. Мак Аутостар и Митсубиши Моторс повлекуваат храбар чекор со промовирање на првото сериски произведено електрично возило во светот и промоција на iMiEV во Македонија. Од НВО Е-мобилност им честитаме! Официјалната промоција на iMIEV се одржа минатата недела на која како НВО Е-мобилност имавме можност да се запознаеме со карактерот на возилото и да го тестираме.

iMIEV
iMIEV

Во интерес на граѓанството и македонското општество е еко технологиите да бидат достапни и полека да се менуваат со алтернативните кои доминираат поради тоа што електричните возила нудат значително намалена бучава, намалено загадување на возухот и почвата, помали трошоци за одржување на возилото, евтина цена на изминат километар и низа други бенефиции.

iMIEV
iMIEV

За разлика од поголемиот дел на европски земји, во Македонија електричните и хибридните возила се вистинска реткост да се сретнат по улиците. Покрај непостоење на соодветна инфраструктура за полнење, најголемата препрека за набавка на овие типови на возила е цената, посебно имајќи во предвид дека во нашата држава сеуште не постојат субвенции за набавка ниту пак дополнителни бенефиции кои би ги мотивирале потенцијалните купувачи.

iMIEV
iMIEV

Искуство после возењето на iMIEV претставува посебно доживување и уживање. Начинот на возење не се разликува од останатите автомобили со автоматски менувач, што дава доверба без никакви проблеми да му пристапите и да почнете да уживате при првото возење. По кратка обука од неколку минути веќе сте спремни за возење на електричното возило. Впечатлив е првиот момент каде по стартувањето на возилото во првиот момент забележувате безвучност што дава дополнителен спокој и опуштеност. Додека го тестирав возилото низ скопските улици и по падините на Водно во неколку наврати бевме застанувани од страна на љубопитни возачи и граѓани кои ни поставуваа прашања како заинтересирани за секси возилото, прашања од типот: Дали ова е навистина возило кое се движи само на ел. енергија? Какво е чувството при возење? Колку километри може да измине со едно полнење?

iMIEV
iMIEV

Од НВО Електромобилност преку промоцијата како и сите останати настани кои ги организираме во изминатиот тригодишен период, испраќаме порака до државните институции и градските татковци да се почне процес на субвенционирање на електричните и хибридните возила од повеќе рангови како би можеле во скоро време да ги гледаме во поголем број низ нашите улици и сите да ги почувствуваме бенефитите од истите. Ваквата стимулативна пракса веќе подолго време се применува во поголем дел од европските држави, каде покрај воспоставената инфраструктура од полначи и директна финансиска поддршка на правните и физичките лица при набавка на електричните и хибридни возила, истите овозможуваат и дополнителни бенефиции како бесплатни паркинзи, бесплатни полнења на автомобилите, бесплатни патарини, нулта давачки при регистрација и многу други бенефиции и тој процес треба да почне и во Македонија.

iMIEV
iMIEV

Автор: Оливер Велковски

Mission News Theme by Compete Themes.