Press "Enter" to skip to content

Супер-кондензатор како извор на енергија

Eден од најголемите проблеми во енергетиката претставува акумулирањето на енергијата. Постојат различни извори на енергија, меѓутоа проблемот е во тоа што истата мора да биде искористена во моментот кога е создадена. Енергијата може да биде акумулирана на различни начини, најчесто со трансформација од еден во друг вид, за подоцна да биде искористена според потребите. До сега скоро сите познати начини и методи за складирање на енергијата имаат една голема негативност, а тоа се големите загуби коишто настануваат при трансформацијата од еден во друг вид на енергија. На пример, електричната енергија може да се акумулира преку загревање на одреден медиум (најчесто вода), за подоцна според потребите топлинската енергија со помош на генератор повторно се трансформира во електрична.

graphene
graphene

Науката секојдневно работи на пронаоѓање на нови начини за акумулирање на енергијата, но истовремено ги усовршува и постоечките. Едно од најинтересните откритија, претставува акумулирањето на енергијата со помош на супер-кондензатор.
Овие супер-кондензатори имаат можност да ги испратат батериите во историја. Најновите истражувања покажуваат дека кондензаторите произведени од графен се полнат и до 100 пари побргу од обичните батерии. Ова значи дека смарт телефоните би можеле да ги наполните за неколку секунди, а електричните автомобили само за неколку минути!

Структура на графен

Уште во минатата година е дојдено до неверојатни откритија во врска со материјалот графен. Истражувањата се продолжени, а професорот Ричард Кејнер успеал да направи метод за производство на висококвалитетни листови од графен со помош на обичен ДВД диск.

графен апликација
графен апликација

До клучниот пронајдок дошол неговиот соработник во лабораторијата, Мејер Ел Кеди, кој открил дека лист од графен кој би се полнел само неколку секунди може да напојува сијалица цели 5 минути. Се испоставило дека тие откриле средство за чување на енергијата со револуционерни можности. До сега научниците успеале на еден ДВД диск, за помалку од 30 минути, да направат повеќе од 100 микросуперкондензатори со густина на моќноста од 200 W/cm, што е највисока остварена вредност до сега.

Извор: Отпорник

Mission News Theme by Compete Themes.