Во последните неколку години од оваа декада доживуваме времиња на пробив и значителен напредок на вградени технологии во електричните возила во автомобилската индустрија. И покрај значително зголеменото производство на електрични возила, нивната распространетост на патишата во Македонија и регионот, доколку погледнеме детално, е многу ниска. Постои лепеза на фактори зошто е тоа така.
Техничните карактеристики на електричните возила се едни од највлијателните кои можат максимално да придонесат кон усвојувањето на електричните возила. Неописливото забрзување кое се јавува заради високата ефикасност на процесот на преобразба на електричната енергија и ставање во погон на сите четири тркала, понатаму удобноста, целокупната електроника и процесорско водените апликативни функционалности се главни предности на електричните возила во споредба со моторните со внатрешно согорување. Од техничките карактерисктики можеби оној кој најмногу возбудува чуство на несигурност при набавувањето на електрично возило е возниот досег. Дали овие сомневања е потребено да бидат окарактеризирани како витални, го наоѓаме во моменталниот стадиум и равивањето на батериските технологии (Li-Ion). Во денешно време технологиојата на зачувување на енергија и нејзино празнење со цел на трансформација во електрична од хемиска е високо развиена. Воопшто не станува збор и не би требало да се јавува двоумење во доверливоста и способноста на оваа батериска технологија во обезбедувањето на електрична енергија за погон на електричното возило. Сепак, проблемот кој нас и толку не нѐ загрижува се димензиите поврзани со капацитетот на батеријата и нејзината тежина. Овие два параметра се од суштинско значење за производителите на електричните возила која влијае на изведбата на моделот и со него поврзаните трошоци кои се пак наша грижа како потенцијални купувачи. Моментално, литиум-јонската батериската технологија во солидна квалитетна изведба гарантира возен досег од 500 [km] кој што е сосема задоволив за купувачите. Зошто е задоволив е во одговорот што возачите на електрични возила во повеќе од 80 проценти дневно возат максимум до 100 [km].
Чуството на вознемиреност и несигрност кај потенцијалните купувачи на електрични возила се јавува во немањето на соодветна полначка инфраструктура, во нејзината доверливост која што би произлегла од деталната анализа на навиките на возење на возачите на електрични возила и во квалитеот на услугата на полнење т.е. во расположливоста на времето наменето за полнење на батеријата на електрчното возило при подологи патувања. Истотака, густината на распределеност на полначките станици како и нивната расположливост во момент на потреба за полнење, се директни причинители за несигурност при одлука за купување.
Но, најголем фактор што ги обесхрабрува потенцијалните купувачи на електрични возила е иницијалната вредност на трошокот за купување на електричното воизло. Моделите кои што големите производители на електричните возила ги нудат на пазарот во регионот се со цени кои се екстремно високи во споредба со просечната плата на граѓаните во државите во регионот. Тоа имплицитно кажува дека не повеќе од 10 проценти од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат оваков „луксуз“ за транспорт. Го вклучуваме и фактот дека Македонија, па и сите држави во регионот искажуваат иницијатива за финансиска поддршка при купувањето.
Демографските фактори се исто така помеѓу најважните. Тука спаѓаат возраста, полот, степен на образовние, интересите, редовност на паричните примања и изборот на професија. Фокусна група на овие простории се средно-млади образовани машки купувачи кои се солидно потковани со познавања од техниката и се големи ентузијасти на науката. Кон донесувањето на конечната одлука за купување на електрично возило е и во голема мера влијанието на семејството. Честопати заради задржувањето на традиционалноста и обичаите, семејството има голема улога при донесувањето на одлуките. Тука спаѓа и вкупниот број на возила што се во сопственост на семејството, колку од членовите од семејството знаат и имаат дозвола за да возат, изведливоста на приклучокот за полнење итн. Можат да се јават и тесни полемики за сопственоста на електричното возило во кругот на семејството.
На овие простори, од социјален аспект, важен фактор за поголемата популарност на електричните возила е и уникатноста на превозното средство за транспорт која ѝ додава на одредената индивидуа белег во општеството за направениот превозен избор. Во овој случај, електричните возила земаат голем замав.
Фактори за заштита на средината и намалување на емисиите на штетни гасови во атмосферата се важни, но не фундаментални фактори кои купувачите во регионот би ги земале во обзир при набавката на електрично возило. Совестноста и барањето на зелена алтернатива при превозот се гледаат преку призмата на трошоците.
За крај, за поздравување се охрабрувачките обиди на владите низ државите во регионот за усвојување на политики како и други прилагодувања на законите и стратегии со цел поагресивно усвојување на електричните возила. Но, за тоа е потребно време.
Сретен Давидов, маг. инж. ел.
Факултет за Електротехника при Универзитетот во Љубљана