Press "Enter" to skip to content

Бројот на инсталирани електрополначи во Америка расте рапидно

Полначите се инсталираат со одлична динамика. Постои возбуда околу бројот на инсталирани станици, но вистински никој не разбира колку брзо инфраструктурата за електричните возила, имено, електрополначите се инсталираат. На AutoblogGreen може да прочитате дека во Америка на приватни и јавни места се инсталираат во просек околу 180 полначи на месец, што значи годишно околу 7400, што е импресивно, според одговорните во US Department of Energy.

Вкупниот број на достапни станици во овој момент е над 5700 според US Department of Energy, но во таа бројка не влегуваат приватните станици. Бројот на станици го следи бројот или поточно популација во соодветната држава и тоа: на прво место е Калифорнија, број два е Тексас, трета е Флорида. Калифорнија и Тексас се број еден и два според популација, но иако според популација Флорида е четврта, таа е по автоцентрична, за разлика од Њу Јорк чија популација е на трето место во Америка.

Извор: evobsession.com

Mission News Theme by Compete Themes.