Токму тоа што ви треба за да одите на работа без автомобил! Едноставно и лесно, овој скирол е всушност најлесното електрично возило и може да достигне брзина од 8,9 метри во секунда.
Зад овој проект стојат група на студенти од Стенфорд кои во својот тим имаат инженери од повеќе области: механички, електрoтехнички, аеровселенски. Тие го лансираа својот проект на Кикстартер заедницата (за донации) каде што си поставија цел да соберат 100.000 долари, а веќе се близу 470.00 долари, а некаде на 300.000 долари тргнаа во производство. Скиролот е наречен: Boosted Board како и фирмата.
„Леснината е добра од повеќе причини, како на пример подобро ракување и забрзување, но исто така значи и одлична преносливост. Може да го носите во училница, во вашата канцеларија, во автобус, па дури и во авион. Тежи само 5 и пол килограми и ова најлесно возило во светот ќе ви го промени начинот на кој размислувате за возилата.“, велат во фирмата.
До сега повеќе од 700 луѓе имаат потпишано нарачка за електричниот скирол, кој во моментот се продава за 1199 долари. Еве и неколку слики и видеото up!:) за поблиску да се доживее револуционерното возило.
…
текстот е превземен од порталот www.think.mk