Press "Enter" to skip to content

Стандарди за брзо полнење

Секојдневно слушаме за нови електромобили како и за инсталција на инфраструктура по автострадите и според тоа би можеле да сметаме дека имаме одредена позиција. Но, перспективите за долго патување со погон на електрицитет остануваат лимитирани. Додека не се најдат механизам за менување на батериите, дали со брзо полнење или преку комплетно менување на цел батериски сет (better place), дотогаш ќе бидеме во границите на лимитираност. Дури и со коли на изнајмување кои би нуделе батерии за возење од околу 500 километри, возењето со електрична кола е барем во овој момент непрактично.

CHAdeMO
CHAdeMO
полнач
полнач

Неколку брзи полначи и системи се достапни, системи кои можат да ги наполнат батериите до 80 проценти од нивниот капацитет за 30 минути и помалку, но конекторите во овие еднонасочни (dc – direct current) полначи се мошне некомпатибилни. Тоа значи дека повторно ќе има војна за стандарди, бесконечни дебати или најчесто, де-факто индустрискиот лидер ќе ги наметне правилата, а другите ќе го следат тоа, од војните како Епл и Мајкрософт или порано Бетамакс и ВХС. За возачите тоа ќе значи: не само што ќе мораат да лоцираат брз полнач кога патуваат, туку тоа мора да биде и специфичен тип на полнач, фактор кој може да направи големи штети при продажбата на е-возилата.

Инкопатибилноста расте. Во мај, три детроитски и пет германски производители, заедно со Волксваген и Мерцедес, се согласија дека ќе креираат полнач со two-prong connecter кој може да обезбеди брзо директно полнење (dc – direct current) или поспоро (ac – alternating current) наизменично полнење, во еден комбиниран уред. Оваа најава ги разлути компаниите кои веќе имаат развиено технологија; веќе неколку години, Нисан, Мицубиши и други производители на полначи развија технологија наречена CHAdeMO (чадемо), која е инсталирана во најмалку 1500 места, глобално. Секој нов стандард, велат овие компании, е непотребен и ултимативно, деструктивен.

CHAdeMO е веќе докажана технологија”, вели Хидеаки Ватанабе, заменик претседател во бизнис групата НУЛА емисии при Нисан. “Не знам зошто ни е потребен друг стандард.”

полнач
полнач
полнач
полнач

Да се зголеми конфузијата, кинеските производители на електрични коли прават нивни стандарди за полначи кои ќе се користат на нивниот домашен пазар. Тесла, калифорниската фирма за е-мобили, разви сопствен полнач. Разликата помеѓу стандардите не е мала, ниту незначајна. Колите како Нисан Лиф (Nissan Leaf) имаат индивидуални сокети за различни нивоа на полнење. Американско-германската технологија која е базирана на стандардот SAE J1772 кој се користи во споро-полначките наизменични полначи (ac – alternating current), ќе им овозможи на производителите да инсталираат само еден комбиниран сокет во кола.

“Сметаме дека тоа е битен фактор”, вели Кевин М. Кели, порпарол на Џенерал Моторс, кој рече дека новите брзи полначи нема да бидат спремни до наредната година, кога електромобилот Шевролет Спарк (Chevrolet Spark E.V.) ќе оди на продажба. Како и да биде, стандардите ќе создадат главоболки за владите и компаниите кои веќе го имаат стандардот CHAdeMO за брзо полнење.

“Ние веќе избравме победник; го избравме CHAdeMO”, вели Џорџ Беард, кој помогна да се инсталираат сет на полначи, вклучително и брзи полначи на “електричната авенија”, тест улица во Портланд, Орегон. “Ако јас би бил консумент и би го имал типот А и не би можел да го користам типот Б, би бил бесен.”

Ниедна групација не сака да признае, ниту да попушти, а очите се вперени во затворениот технички комитет при интернационалната техничка комисија. Комитетот ги разгледува стандардите и во наредните месеци се очекува да ги одобри еден или повеќето стандарди за брзо полнење.

Тесла, кои само што го промовираа моделот Тесла С Седан, би можел да има најголем проблем во целата работа. Тие одат во свој правец, со брзиот систем за напојување, кој што велат дека може да обезбеди доволно електрицитет во 30 минути за да обезбеди возење до 250 километри.

Сите модели на Тесла, Модел С, имаат 85 киловатчасови батериски пакет за користење на брз полнач, кој ќе биде инсталиран на главните автостради/рути, според Кристина Ра, портпарол на компанијата. Брзите полначи на компанијата Тесла иницијално ќе бидат компатибилни само со Моделот С (Model S vehicles), но тоа може да се промени, вели таа.

Извор: nytimes.com

Mission News Theme by Compete Themes.