На Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Лабораторијата за електрични машини, трансформатори и апарати (при ИЕМТА) и Лабораторијата за електротермија, електрично заварување и електричен сообраќај (при ИЕЕЗЕС), во два семестра во 2015 и 2016 година, група на студенти и професори заедно со соработници вон факултетот, работеа на студентски проект: Електричен картинг! Тимот е именуван ЕЛ_КА: ФБ страна.
Промоцијата на возилото се одржа на 24 јуни 2016 во рамки на факултетските простории и лаборатории, а прилика за возење и разговор или информации за возилото може да се добијат на факултетот и во институтите.
Со големо задоволство како Е-мобилност го следевме прогресот на градба, директно во училниците и лабораториите, заедно со тимот ЕЛ_КА и може да напишеме дека во Македонија постојат капацитети за градба на електрични возила.
Особено во делот и решенијата за електричниот дел, постојат капацитети и знаење и за посериозни подвизи во електрични возила.
Во очекување на нови проекти од факултетот, ве повикуваме да дојдете на возење на картингот, за што ќе закажеме средба во новата учебна 2016/2017 година, во соработка со факултетот и колегите. Според информациите од тимот, во припрема се студентски трудови, базирани на самоградбата на електрично возило, за кои ќе пишуваме дополнително.