Press "Enter" to skip to content

Нова генерација и архитектура на суперлесно возило | Very Light Car

Edison VLC 2
Edison VLC 2

Тимот на Едисон 2 ја доби прогресивната анграда Automotive X Prize со својата ултра лесна кола (Very Light Car – VLC) во 2010. Електричната верзија на VLC беше прикажана во 2011, а денес, aприл 2013 можеме да ја погледнеме новата архитектура на машината која ќе биде база за прототипот кој ќе излезе на пазарот и кој е промовиран во музејот на Хенри Форд.

Шасија
Шасија

Додека надворешниот дел изгледа како од сај-фај иднина, истите принципи според кои оригинално е развиен се останати и во денешниот модел – екстремно лесен и оптимално аеродинамички ефикасен.

Тежината на VLC која ја доби престижната X Prize тежи (376 kg или 830 lbs) и има најнизок коефициент на повлекување-триење кој е измерен од GM Aero Lab за четворосед со коефициент од 0.160. Според тимот на Едисон 2, следната генерација на VLC триумфира пред претходниците во смисла на аеродинамичка ефикасност, со дополнителни вредности кои се потребни за кола за широки маси. Новиот VLC има подобра визибилност за возачот, поширока внатрешност со полесно влегување во колата, шасија направена од алуминиумски фолии и поголеми гуми кои резултираат со можност за одлична in-wheel суспензија.
in-wheel suspension
in-wheel suspension

Суспензијата (in-wheel) која е видлива на шасијата на VLC е една од клучните компоненти на дизајнот. Освен што ја подобрува аеродинамиката, таа го подобрува и контролирањето на возилото, ја редуцира масата и комплексноста на возилото во целост.

Кога ќе го видиме моделот за широката публика тоа е непознато, но во компанијата веруваат дека самата архитектура е ветувачка, футуристичка, со веќе иновативниот дизајн за суспензија кој може да се аплицира и на модели во широк спектар, а не само на конкретниот VLC.

Edison VLC 2
Edison VLC 2

Ова возило отвори можности за комплетно нови видови на возила, како поодржливи, поодговорни начини за иднината, коментира Кутнер, клучен чoвек во тимот на VLC. Ова е отворен проект (open hardware) и ќе следиме како се развива, така што пратете ги следните продолженија кои ги очекуваме од компанијата, а кои ние овде на овој портал со задоволсво ќе ги прокоментираме и пренесеме.

Very Light Vehicle
Very Light Vehicle

Извор: gizmag.com; edison2.com

Mission News Theme by Compete Themes.