Highlights на трудот
- Стохастичка оптимизациска процедура за избор на локации за поставување на полначки станици за електрични возила.
- Моделирање на мобилноста на електричните возила врз основа на принципот на избегнување на веќе посетени точки на усмерена траекторијата на движење.
- Нов индекс на одредување на сличност на траектории за избор на репрезентативини траектории на мобилноста на електричните возила.
- Одредување на веројатност на поставување станици за полнење.
- Интеграција на концептот за квалитет на услугата на полнење во постапката за планирање на поставувањето на станици за полнење.
Овој труд представува стохастичен оптимизациски модел за долгорочно планирање на полначката инфраструктура за електрични возила, во кој функцијата на цел е минимизирање на вкупните трошоци за поставување на станиците и ограничувања поставени на доверливоста на полначката инфраструктура и бараниот квалитет на услугата на полнење од корисниците. Всушност, претходниот детерминистички оптмизациски модел е надграден во стохастичен, заради причини како што е непредвидливата природа на навиките на возење на возачите и мобилноста, возниот досег на возилата, времето на возачите намерено за полнење и трошоците за поставување на различни типови технологии за полнење.
Во трудот е имплементиран стохастичен модул, во кој што се користи веројатносен пристап за да се генерираат бројни стохастични траектории на движењето на електричните возила, проследено со ново предложената постапка за редуцирање на тие сценарија, во која се користи новиот индекс на одредување на сличноста на траекториите за да се добијат репрезентативни траектории заради непредвидливата мобилност на електричните возила. Додатно се користи, добро-познатата вообичаена постапка за редуцирање на сценаријата K-MEANS, за да се екстрактираат стохастичните сценарија за возниот досег, бараниот квалитет на услугата на полнење од корисниците и целокупните трошоци за инсталација, одржување, работење на полначките станици, кои потоа во комбинација со репрезентативните траектиории се користат како влез во оптимизацискиот алгоритам.
Стохастничниот оптимизациски модел е верификуван на тест патна мрежа. Резултатите од оптимизацијата ги прикажуваат оптималните локации избрани за поставување на станици за полнење како и веројатноста за поставување, што дополнително ја изложува нивната важност на планерите на полначката инфраструктура од аспект на приоритизација и донесување на соодветна одлука за поставување на полначка станица.
Ви презентиравме дел од научниот труд на соработникот со нашата организација, истражувачот Сретен Давидов маг. инж. ел. од Факултетот за Електротехника при Универзитетот во Љубљана (Faculty of Electrical Engineering,Tržaška cesta 25, SI-1000 Ljubljana, Slovenija: junior researcher Sreten.Davidov@fe.uni-lj.si), објавен во ревија со импакт фактор.
Трудот е достапен на: Science Direct