Press "Enter" to skip to content

(инфо) Eлектрификација на Македонски Железници | монофазен AC 25 [kV] 50 [Hz]

MZ 461-121 тип Co’Co’, снага 5100 [kW], максимална брзина 130/150 [km/h], тежина 123 [t], должина 19,800 [mm] Производител Elecktroputere – Романија по лиценца на ASEA – Шведска, производство 1978 година
Мрежа на електрификација
Мрежа на електрификација

Железничката мрежа е составена од едноколосечна пруга по која сообраќаат возови од двете насоки.

Должината на железничката мрежа во Македонија изнесува 925 километри, од кои:
отворена пруга 699 километри,
станични колосеци 226 километри,
индустриски колосеци 102 километри.

Железничката инфраструктура во Македонија располага со 327 километри електрифицирана пруга со колосеци, од кои 234 километри главна пруга. Пругите на територија на МЖ се електрифицирани со монофазен систем, со наизменичен напон од 25 [kV] на 50 [Hz].

Квалитетот на понудената електрична енергија се обезбедува со четири електровлечни подстаници: Миладиновци, Драчево, Згрополци и Милетково. Има и седум неутрални постројки, што овозможуваат селектирање на електрифицирани делови од пругата и обезбедување на минимум делови што можат да останат без напон, со активирање на постројките за секционирање во станиците.

Системот за далечинско управување, Телекоманда на влеча, овозможува целосен надзор и осигурување на секционирање. Овој систем врши контрола и управување на напонските состојби во сите делови на контактната мрежа од едно централно место.

Последно изведена електрификација на пруга е делот од пругата Маџари – Скопје Југ како и станицата Скопје Југ.

This slideshow requires JavaScript.

Службени места за патнички сообраќај
Службени места за патнички сообраќај

Службени места отворени за патници и стока
Службени места отворени за патници и стока

Коридор 8, Коридор 10, Коридор 10д
Коридор 8, Коридор 10, Коридор 10д

извори
мрежа на електрификација
објава на мрежа 2019
mz-rail
mzt.mk

Mission News Theme by Compete Themes.