Јужнокорејската LG Chem ќе почне со производство на батерии за електромобили во Мичиген во втората половина од 2013. Компанијата се обидува да го обнови производството, иако побарувачката за електромобили не е на планираното ниво. Пробното производство ќе започне во Јули или Август, најави Ким Јонг-хјуин, одговорниот во одделот за батерии во LG Chem.
Американската влада одвои 150 милиони долари за финансирање на проекти за батерии, а LG Chem сама инвестира во фабрика во Мичиген за литиумско-јонски батерии вредна 304 милиони долари, со кои би снабдила околу 60.000 возила со батериски пакет, до крајот на 2013.
LG Chem обезбедува батерии за електромобилите на Шевролет – ВОЛТ и за електромобилот на Форд – Фокус Електрик од своите фабрички хали во Јужна Кореа.
Според инженерите во LG Chem, кога цените на електромобилите ќе се намалат, пазарот ќе се отвори и поголем број на електромобили ќе се возат по автострадите. Според нив, плаг-ин електричните возила имаат поголем потенцијал, отколку хибридите, бидејќи производителите потешко успеваат да се издвојат од конкуренцијата покрај строгите регулативи за помал ЦО2 отисок кои се повеќе се наметнуваат од регулаторните државни тела.
LG Chem обезбедуваат батерии и за Рено, но пазарот сеуште е лимитиран поради цените на електромобилите.
LG Chem која е дел од конголомератот LG Group произведуваа хемиски производи и обезбедува литум-јонски батерии за смартфон мобилните уреди за Apple и LG Electronics.