Press "Enter" to skip to content

За најавениот крај на машините со течно гориво до 2030 година | Европска комисија | Фон дер Лејeн | 15072021

Економијата базирана на фосилни горива ги достигна своите граници. Ние сакаме да и оставиме на следната генерација здрава планета, како и добри работни места и раст што не и штети на нашата природа. Европскиот зелен договор е нашата стратегија за развој што се движи кон де-јаглеродна економија“, рече Фон дер Лејен на прес-конференција на 15 јули 2021.

ПРЕДЛОГ МЕРКИ:
– забрана за продажба на автомобили на дизел и бензин од 2035 година.
– данок на гориво за авиони
– воведување тарифи за производители, не членки на ЕУ за увоз на челик и цемент
– поамбициозни планови за употреба на обновливи извори на енергија
– земјите-членки побрзо да ги реновираат енергетски неефикасните згради

Европската комисија подолго време се подготвуваше за објавување на политики и регулација со конкретен датум со којшто треба да се означи дефинитивниот крај за продажбата на возила со мотори за внатрешно согорување. Според информациите, годината за забрана за мотори со течно гориво беше проектирана околу 2030 или 2035 година. Од серијата на мерки, се очекуваше ставка којашто ќе се однесува на целосна забрана за продажбата на овие возила.

Европскиот „Зелен договор“ е огромен и е сочинет од голем број различни компоненти, и третира комбинација на мерки со цел да се „предизвикаат зголемените емисии во патниот транспорт“, при што во договорот пишува дека „построгите CO2 стандарди за автомобилите и комбињата ќе ја забрзаат транзицијата кон мобилност со нулта емисии“.

На 15 јули 2021 година Европската комисија и Урсула фон дер Лејен официјално предложи просечните емисии на новите возила да се намалат за 55 проценти во периодот од 2021 до 2030 година. Во 2035 година, ЕК бара просечните емисии да паднат за 100 проценти. Европската комисија на чело со крупната капиталистка фон дер Лајен истакна дека „сите нови автомобили регистрирани од 2035 ќе бидат со нулта емисии на CO2“.

ЕК изложи регулатива за инфраструктура на горива, која ќе побара од земјите-членки да ја прошират поддршката за еколошки возила. Конкретно, се бара да има станица за полнење електрични возила на секои 60 километри на главните автопати, како и станица за полнење водород на секои 150 километри. Регулативите влегуваат во детали, пришто се предвидува „инсталиран капацитет за полнење 600 kW на секои 60 километри во секоја насока до 2030 година, вкупно 1,2 MW, вклучително и најмалку две точки за полнење од 150 kW по насока“. Според планот на Европската комисија, треба да има 3,5 милиони станици за полнење до 2030 и 16,3 милиони до 2050 година. А од Европската асоцијација на автомобилски производители се огласија дека „предложената цел за намалување на CO2 кај автомобилите за 55 проценти до 2030 година ќе биде исклучително предизвикувачки“.

извор РОЈТЕРС

Mission News Theme by Compete Themes.