Press "Enter" to skip to content

Работна посета на КОСТАЛ – Охрид | автомобилска индустрија – електроника и полначи за ел. возила | 29072021

Остварена е средба на Електромобилност со претставници на КОСТАЛ во фабриката во Косел – Охрид на 29 јули 2021 година. КОСТАЛ функционира како „браун-филд“ инвестиција во поранешните фабрички хали на ЕМО – Охрид. Беа продискутирани теми од взаемен интерес со размена на идеи за идна комуникација и можна соработка. По работниот состанок беше остварена обиколка низ фабричките хали под водство на менаџментот на фабриката.

Од 2016 година во КОСТАЛ – Охрид се произведуваат делови за возила за „БМВ“, „Дајмлер“, „Порше“, „Ролс Ројс“, „Тесла“, „Ауди“, „Волксваген“, „Ленд Ровер“ и тн. Вкупната површина на фабриката е 20000 метри квадратни со 1000 вработени и со планови за проширување.

Повеќе за КОСТАЛ од репортажата напишана за портал за ОХРИД.

Mission News Theme by Compete Themes.