Press "Enter" to skip to content

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – траси | Кирил Минанов

Градоначалникот или Градоначалничката на Град Скопје кој/којашто ќе почне да го гради лесниот трамвај ќе влезе во историјата на градот како историјска личност, како визионер.

Во таа смисла, Генералниот урбанистички план и Деталниот урбанистички план на Град Скопје ќе мора да ги фиксираат шинските траси за да не може во наредниот четврт век, такаречи, низ повеќе градоначалнички мандати, на тие места да се гради билошто друго.

Трамвајска Линија број 1

Железен мост Сарај по булевар Ѓорче Петров
по булевар Партизански Одреди
по Кочо Рацин со полулак низ централен ринг
по Димитрие Чуповски или по Даме Груев
по 11 Октомври
Кузман Јосифовски Питу
кај комплекс банки под Транспортен центар
по Булевар Јане Сандански
до Ново Лисиче
последна улица Февруарски Поход
во ДЕПО број 2.

Трамвајска Линија број 1а

Линија број 1б.  трасата по Партизанска може да се размрежи, да не биде на партизанска и тоа, едната линија да оди по илинденска како Линија број 1а – слика, со затворање на една улица од булеварот на Илинденска којашто ќе биде исклучиво за трамвај, тоа е значи од белите кули во карпош 4, се* до влада каде што ќе се види каде ќе се расчворува трамвајот, но и втора линија Линија број 1б, наместо по партизанска, да оди по иво лола рибар, но таму со делумно затворање на булеварот и по огромната ширина на зелениот појас и исто така со експропријации се* до зградата на нова македонија, на огромен кружен тек, расчворување.

имено, сегашните решенија за сообраќајот во скопје мора да се трансформираат со идејата за немоторизиран транспорт и мора да се размислува радикално со вмрежување на електрифицираниот транспорт со шинска тракција.

лесниот шински транзит, мора да прави комплетен бајпас на булеварите и за системот мора да се размислува надвор од 2Д шеми, имено 3Д шах, со радикален приод.

линијата по иво лола рибар ќе се врзе со транспортен центар, каде што минуваше железничката траса, на јужниот фел од градот меѓу транспортен центар до ѓорче којшто којшто води кон кичево.

90 проценти иста траса како Линија број 1, со опшивање по булевар Илинденска покрај Влада на Македонија.

Трамвајска Линија 1б по железничка траса

Железничката рута којашто е уништена да се реставрира
од Железничка станица
преку Јужен булевар
кај идниот широк и голем кружен тек, којшто го спојува Водно со Центар и бул. Климент Охридски кај бивша Нова Македонија
преку зелено поле од Капиштец до Студентски дом Гоце Делчев или од Католичка Црква по бул. Теодосиј Гологанов
со експропријација на имоти
за да се отвори линија до река Вардар кај Влае, од каде што може да се оди по линијата на река, со вијадукт којшто би се градел надвор од населби до поврзување со железничката инфраструктура кон Кичево.

На сликата исто така е импровизирана и СЕВЕРНА ЛИНИЈА, можна железничка рута означена со црна линија, којашто би помнувала од северните делови на Град Скопје.

Трамвајска Линија број 2 и ДЕПО на МЖ

Полулак од Јужен Булевар до Железничка станица, кратка линија којашто ја поврзува Линија 1 и Линија 1а со Железничка станица од кадешто е можно префрлање кон други линии.

Тука е додадена и дополнителна, помошна линија којашто кружи околу булеварите 3та Македонска бригада, Булевар Србија како и Булевар Борис Трајковски, којашто кружи околу ДЕПО со споредни и помошни колосеци на Македонски Железници.

Трамвајска Линија број 3

Од ОХИС
преку централно градско подрачје
булевар Цветан Димов
булевр Христијан Тодоровски Карпош
до Бутел

Железничко-трамвајска КРУЖНА Линија број 3

Од ОХИС
до Бутел
преку Маџари и
Железара
по железничакта инфраструктура користејќи железнчки гарнитури или трамвајска линија која што ќе се враќа
од Бутел преку централно градско подрајче низ една од двете варијанти
по булевар Босна и Херцеговна
по булевар Словенија
по Качанички пат
по булевар Никола Карев
со скршнување зад Француски гробишта и
влечење по улица Лазар Личеноски, којашто е најдобро да се затвори за друг транспорт освен за трамвај, пешаци и точаци.
Или од Бутел
по булевар Христијан Тодоровски Карпош, по Џон Кенеди,
до врска кај Француски гробишта
и улица Лазар Личеноски. Која стратегија за взување на Бутел со Охис да се изведе, потоа ќе се поврзуваат и другите улици, Цветан Димов, на пример.

Град Скопје трамвајски линии
по решение од Физибилити Студија припремена за Град Скопје



Поврзување на Меѓународниот аеродром – Скопје, кај Петровец, со железничката инфраструктура

Сегашната железничка инфраструктура може да се искористи за оформување на прстен од периферните зони на градот, којшто би можел да ја подобра комуникацијата со центарот на Град Скопје.

На 3 километри од Меѓународниот аеродром – Петровец, Скопје поминува пругата Скопје – Куманово, врска којашто не е искористена за поврзување на аеродромот со централното градско подрачје

Три приградски линии можат да бидат исплатливи, а се поврзани со железен РИНГ на Македонски железници околу Скопје, во должина од околу 40 километри; види подолу: Скопскиoт јазол изграден 1971 година во должина од 37,3 километри којшто е дел и од трасата.

Субурбани линии

С1 со должина од 24,5 километри
Зелениково
Драчево
Долно лисиче
Лисиче
Кисела вода
Аеродром
Транспортен центар 

С2 во должина од 20 километри
Меѓународен Аеродром – Петровец, Скопје до Миладиновци има должина од 5 километри
Илинден
Хиподром
Автокоманда
Транспортен центар 

С3 со должина од 32,5 километри
Радуша
Сарај
Ѓорче Петров
Бардовци
Визбегово
Бутел
Железара
Автокоманда
Транспортен Центар  

Линиите С1 и С2 може да се спојат во една линија С12.

Со мали корекции на пругата, железничките станици и со купување нови возови можеме да добиеме градска железница. 

Надземна пруга
Kружен железнички прстен околу Скопје и нов клосек

Вијадукт на потегот од Кисела Вода преку Јужен булевар до сегашната пруга во Ѓорче Петров е најдобра инвестиција, бидејќи ќе добиеме кружна линија на градска железница која би ги поврзувала Кисела Вода, Капиштец, Влае, Ѓорче, Злокуќани, Визбегово, Бутел, Железара со Центар и Аеродром со субурбаните населби. Ваквата врска е одлична можност за користење на железнички систем за јавен градски превоз.

Скопски плански регион – инфраструктура 

Постојната патна инфраструктура во Скопскиот плански регион се состои од околу 935км локални патишта, 67км магистрални, 324км регионални патишта и 86км автопат. Патната мрежа во овој регион е добро развиена, меѓутоа постојната состојба на дел од регионалните патишта (Р-103: Скопје – Петровец – Катланово, Р-117: Скопје – Зелениково и Р-403: Ѓорче Петров – Јегуновце) може да се оцени како лоша. Низ овој регион е планирано да поминуваат двата европски Коридори 8 и 10, што ќе придонесе за подобрување на состојбата. Обиколница на Скопе е дел од Коридорот 8 и е веќе во функција.

Скопскиот плански регион, поточно градот Скопје претставува централен железнички јазол. Вкупната должина на железничката мрежа е 94.78м, од кои 37.3км се дел од Скопскиот железнички јазол, 31.68км е должина на линијата Скопје – Волково – граница со Србија, 18.8км се дел од железничката линија Табановце – граница со Србија и 7км се дел од линијата Скопје – Кичево.

Во поглед на воздушниот транспорт, во Скопскиот плански регион е лоциран еден од двата национални аеродроми – „Александар Велики“ што е од исклучително значење за функционирањето на регионот како стопански и административен центар на земјата. Во овој регион има и еден спортски аеродром од класа А, лоциран во близината на Скопје. Во Скопскиот плански регион е лоциран еден патен и еден железнички премин со Србија, како и еден граничен премин лоциран на аеродромот „Александар Велики“.

Посебно значајно за Скопскиот плански регион е што низ него поминува гасниот цевководен систем кој е лоциран на Коридорот 8. Вкупната должина на цевководот е 98км, од кои 18км поминуваат низ Скопскиот регион. Исто така, дел од нафтоводот Солун – Скопје поминува низ овој регион.

Електрификација на мрежа

Пругите на територија на МЖ се електрифицирани со монофазен систем, со наизменичен напон од 25 [kV] на 50 [Hz].

Железничката инфраструктура во Македонија располага со 327 километри електрифицирана пруга со колосеци, од кои 234 километри главна пруга. 

Мрежа на електрификација 25 [kV] 60 [Hz]
Мрежа на електрификација 25 [kV] 50 [Hz]

Квалитетот на понудената електрична енергија се обезбедува со четири електровлечни подстаници: Миладиновци, Драчево, Згрополци и Милетково. Има и седум неутрални постројки, што овозможуваат селектирање на електрифицирани делови од пругата и обезбедување на минимум делови што можат да останат без напон, со активирање на постројките за секционирање во станиците. Има и седум неутрални постројки, што овозможуваат селектирање на електрифицирани делови од пругата и обезбедување на минимум делови што можат да останат без напон, со активирање на постројките за секционирање во станиците.

Системот за далечинско управување, Телекоманда на влеча, овозможува целосен надзор и осигурување на секционирање. Овој систем врши контрола и управување на напонските состојби во сите делови на контактната мрежа од едно централно место.

MZ 461-121 тип Co’Co’, снага 5100 [kW], максимална брзина 130/150 [km/h], тежина 123 [t], должина 19,800 [mm] Производител Elecktroputere – Романија по лиценца на ASEA – Шведска, производство 1978 година
MЖ 461121
тип Co’Co’
снага 5100 [kW]
максимална брзина 130/150 [km/h]
тежина 123 [t]
должина 19,800 [mm]
Производител Elecktroputere – Романија по лиценца на ASEA – Шведска, производство 1978 година

Железничката мрежа е составена од едноколосечна пруга по која сообраќаат возови од двете насоки.

Должината на железничката мрежа во Македонија изнесува 925 километри, од кои:
отворена пруга 699 километри,
станични колосеци 226 километри,
индустриски колосеци 102 километри.

Железнички систем

Постои на просторот на Република Македонија од далечната 1873 година. Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД – Скопје е превозот на стока и патници. Во моментов вработени се околу 1296 вработени. Македонските железници Транспорт АД – Скопје поседуваат 1525 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електролокомотиви. Покрај тоа во возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови. Со тоа потребата на македонското стопанство и потребите на регионот за превозот на стока се задоволени.

Должина на железничката мрежа во РМ е 925 километри, и тоа отворена пруга 699 километри, статични колосеци 226 километри, индустриски колосеци 102 километри и електрифицирани 312.66 километри пруга со монофазен систем 25 [kV] на 50 [Hz].

Коридор 10

Збирна должина на трасата од Коридор 10, од Табановце, до Скопје, преку Велес, до Гевгелија е 215,7 километри. Електрифициранa е по целата должина, со просечна брзина од 90 [km/h]. На трасата постојат 45 службени места.

Трасата Табановце – Скопје е изградена 1888 година во должина од 16,7 километри, Скопје – Велес е изградена во 1873 година во должина од 48,7 километри, Велес – Гевгелија, е изградена 1873 година во должина од 113,9 километри.

Скопски јазол

Изграден во 1971 година и е во должина од 37,3 километри и е дел од трасата на Коридор 10.

Коридор 10д

Збирна должина на трасата од Коридор 10д, Велес – Битола – Кременица е 145,3 километри. Не е електрифициранa по целата должина, со просечна брзина од ~ 75 [km/h]. На трасата постојат 23 + 3 службени места. Трасата од Велес до Битола е изградена во 1931/36 година во должина од 129,3 километри, а Битола – Кременица е изградена 1894 година во должина од 16,0 километри.

Коридор 8

Збирна должина на трасата од Коридор 8 во Македонија е 309 километри, од кои 152 километра се изградени, а неизградени остануват 157 километри. Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Деве Баир – граница со Република Бугарија во должина 88 километри.

Куманово – Бељаковце почнува со изградба во 1954 година, а пуштена во употреба на 26 март 1956 година во должина од 29 километри. Почеток на градба како коридор 8 почнува во 1994 година. Прекин на изградба во 1995 година.

Проектирана траса на коридор 8
Куманово – Деве Баир – државна граница со Бугарија

Куманово – Бељаковце, секција 11 во должина од 29 километри, брзина 100 [km/h], максимален радиус 500 метри, 6 мостови со должина од 224 метри, Станица број 1.

Бељаковце – Крива Паланка, секција 12 во должина од 37.5 км. Брзина 100 [km/h], Максимален радиус 500 метра, 30 мостовио со должина 3000 метра, 14 тунели со должина 3,520 метра, Станица број 3.

Крива Паланка – државна граница, секција 13 во должина од 21.5 км., Брзина 100 [km/h]. Максимален радиус 500 метра, 35 мостови со должина 4,570 метри, 23 тунели со должина 8,680 метри, Станица број 2.

Траса во проектирање на коридор 8
Кичево – државна граница со Албанија

Кичево – Струга, секција 7 во должина од 54 километри. Струга – државна граница, секција 6 во должина од 12 км

Последнa изведена електрификација на пруга е делот од пругата Маџари – Скопје Југ како и станицата Скопје Југ.

Субурбани трамвајски гарнитури по железничка инфраструктура или Четири железнички краци околу Скопје

Капитален проект како проектот за железничко поврзување на цело Скопје може да ги вклучи етапно и субурбаните средини како Зелениково, Драчево, Лисиче, Пинтија, Илинден, Маџари, Железара, Скопје Север, Ѓорче Петров, Сарај, Радуша.

Прв крак, од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Пинтија, 11 Октомври и до центарот на Скопје, со должина од 24,5 километри. Втор крак ќе биде со должина од 18,7 километри и ќе стартува од Миладиновци преку Илинден, Маџари до Скопје. Со правилно планирање на фреквенцијата на возови, да се обезбеди исплатливост. Трет крак ќе оди покрај Пивара, Железара, Скопје Север, Ѓорче Петров, Сарај до Радуша со должина од 32,6 километри. Четврт крак е изградба на нова пруга од Миладиновци до Аеродром Петровец во должина до 5 километри. Вториот и четвртиот крак можат да се дизајнираат да бидат дел од иста линија.


Права над филмот има Види Вака медиа, објава на ФБ страна. Клипот е подигнат на порталот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во рамки на COMMONS, поради интересот којшто го имаме во организацијата врзано со електрификацијата на транспортот.

Капацитетот на Меѓународниот аеродром – Петровец Скопје

4 милиони патници/годишно, со што теоретски е обезбедена исплатливоста на четвртиот крак. Имено, во 2018 низ Аеродромот „поминаа“ над 2 милиони патници или околу 90000 илјади/месечно. Но, патниците често доаѓаат кон Аеродромот со придружба и се враќаат со придружба, што во принцип ја зголемува бројката на луѓе за најмалку 50 проценти, што значи тероретски влез/излез на најмалку 6 милиони луѓе во полн капацитет или според бројката од 2018 година со формула плус 50 проценти, Аеродромот веќе располага со потенцијални 3 милиони патници. Ако десет проценти од вкупната бројка користи железница, исплатливоста на Крак 4 ја обезбедуваат околу 300000 патници/годишно.

од аеродром петровец
до центар на град скопје

Разлики меѓу градска железница и железнички системи за масивен урбан превоз на патници како што се трамвај, лесно метро и метро.

Градска железница е железнички транспортен систем за брз и масовен превоз на патници во големи урбани агломерации, каде околу старото градско јадро постојат густо населени периферни зони со офорбени урбани карактеристики. Станиците на ваквите системи се на прилично големо растојание од неколку километри, што овозможува развивање на прилично високи брзини на возовите и доста високи превозни капацитети. Скопје не е град со такви карактеристики, а во негова близина, односно во регионот на Скопје, се населби од рурален карактер.

Технички аспекти за проектирање траса

Да се проучи системот на електрификација и видот на возила кои би се набавиле, да се проучи вкрстувањето на пругата со уличната мрежа којашто би требало да биде денивелирана, да се простудираат нови решенија за измена или заштита на комунална инфраструктура по трасата.

Инвестиции за градење на железнички пруги

Се движат од 2 до 50 милиони евра по километар зависно дали е едноколосечна или двоколосечна пруга и дали е пруга на отворено или во тунел вклучувајќи нови станици, стојалишта, паркинзи и прилагодување на линиите со останатиот јавен превоз.

Либерализација на железничкиот транспорт не е паметна стратегија. Инфраструктурата и законски мора да остане во државна сопственост, но потребeн е свесен однос и радикално инвестирање во циклуси од десет години, наместо во асфалт, во електрифицирани пруги, електролокомотиви со возови и во кадри.

Права над филмот има http://scoop.mk/
Објава на национална телевизија https://1tv.mk/
Филмот е подигнат на порталот на ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА во рамки на COMMONS, за железницата, но и на вкупниот сет идеи врзани со шинскиот транспорт и поради интересот којшто го имаме во организацијата врзано со електрификацијата на транспортот, без оглед што не се согласуваме со либерализација на транспоротот на МЖ. Впрочем, идејата да се направи информативен филм е за поздравување, а со тоа и одговорност за прикажување и информирање на професионалците во областа.

Електролокомотиви

МЖ Транспорт АД располага со 16 електролокомотиви, од кои, 8 од серија 441, 3 тиристорски од серија 442, 3 електролокомотиви од серија 461 и 2 електролокомотиви од серија 462. Во наредниот период би требало да се постигне нивна комплетна тиристоризација со што би се подобриле влечните карактеристики и намалена потрошувачка.

МЖ 462 002
тип Co’Co’
трајна снага 5300 kW
максимална брзина 120 km/h
тежина 120 t ±2%
должина 19,800 mm
работна температура – како целина -35 / +40°C
производител Elecktroputere – Романија по лиценца на ASEA – Шведска, прозведство 1978, модернизирани и тиристоризирани 2009 год.
MЖ 462 001
тип Co’Co’
трајна снага 5300 kW
максимална брзина 120 km/h
тежина 120 t ±2%
должина 19,800 mm.
работна температура – како целина -35 / +40°C
производител Elecktroputere – Романија по лиценца на ASEA – Шведска, прозведство 1978, модернизирани и тиристоризирани 2009 год.




кон 14 дел – тиристори
кон 13 дел – електрична влеча – локомотиви
кон дванаесетиот дел – контрола и управување на микромотори
кон единаесетиот дел – топологии на напојувања и подстаници
кон десетиот дел – формули
кон деветиот дел – ЛРТ мастер план
кон осмиот дел – инженерски антиупатства
кон седмиот дел – тракција и формирање трака
кон шестиот дел – култура X
кон петиот дел – возила и безбедност
кон четвриот дел – пантограф и троли
кон третиот дел – траси
кон вториот дел – шински систем
кон првиот дел – мотори

кон зеро – историја на макжелезници

Референци+ 

Thyristor controlled power for electric motors, R. S. Ramshaw
Power electronics, Daniel W. Hart
Practical Variable Speed Drives and Power Electronics, Malcolm Barnes
Electric traction, Prof. PhD Nikola Lj. Cekredzi, Electro-technical faculty – Skopje, University of St. Cyril and Methodious, 1999
Railway electrification systems & engineering, Shailah Frey
Electrical Railway Transportation Systems, Morris Brenna, Federika Foiadelli, Dario Zaninelli
Calculation method for powering a tramway network, Jakob Edstrand, CHALMERS, University of technology, Goteborg, Sweden 2012
Electrical Motors and Drives, fundamentals, types and applications, Austin Hughes and Bill Drury
A textbook of electrical technology, Volume III, Transmission, distribution and utilization, 43. Electric traction, B.L Theraja, A.K. Theraja
Electromagnetic Foundations of Electrical Engineering, J. A. Brandão Faria
The Complete Laboratory Manual for Electricity, Third Edition, Stephen L. Herman, 2009
Traction feeding schematic https://www.irfca.org/docs/traction-feeding-schematic.html
Modern design of onboard traction transformers, Jurkovic, Sitar, Zarko, 2014, Research gate
Power System Modelling for Urban Massive Transportation Systems, Rios, Ramos, 2012, Research gate
Power Semiconductor Applications, Philips Semiconductors
Application Manual Power Semiconductors SEMIKRON International GmbH, Wintrich, Ulrich, Tursky, Reimann
Објава на мрежа 2019 Македонски железници https://www.mzi.mk/documents/OBJAVA-NA-MREZA-2019.pdf
LRT – Light Rail Transit, Institute of Urban Transport India
Elektricne masine i postrojenja, Naucna Knjiga 1988, Milos Petrovic
Elektricna vuca, Naucna Knjiga 1974, Dr. Inz. Bozidar Z. Radojkovic
Интервју, Зоран Кракутовски, Катедрата за железници при Градежниот факултет во Скопје
Предавања на Добри Чундев, Конференција за ел. возила 2013
Интервју, Петровиќ Слободан
Интервју, Марјан Матевски, МЖ
Mиле Kокотов, радиоаматерски знак Z33T https://www.qsl.net/z33t/makedonski1.html
Димитар Б. Арсов, Стандарди на електромагнетно загадување, 2010
howtomechatronics.com
Keysan lectures http://keysan.me
Моќ во трифазен систем, THREE PHASE CIRCUITS: POWER DEFINITIONS AND VARIOUS COMPONENTS https://docs.google.com/viewer?url=https%3A%2F%2Fnptel.ac.in%2Fcourses%2F108106025%2FChapter%25202.pdf
МАКО СИГРЕ 2007 A1-03R, Развој на асинхрониот мотор од Тесла до денес, Чундев Мирчевски
The PN Junction. Universidad de Granada-Spain Creative Commons By-NonCommercial-NonDerivs
3Blue1Brown, визуелна математика и Максвелови равенки https://www.youtube.com/channel/UCYO_jab_esuFRV4b17AJtAw
GreatScott https://www.youtube.com/channel/UC6mIxFTvXkWQVEHPsEdflzQ
NOAASatellites, Магнетно поле на планета https://www.youtube.com/user/NOAASatellites
Ферми рамниште на валентни и спроводливи електрони https://www.youtube.com/watch?v=zdmEaXnB-5Q
Политики на ЕВРОПСКА унија EУ Директиви
IEC 62196
Light Rail Transit Association
trampower
abb
Type 2 connector
exciter
IEC Standard 60850, Railway applications – supply voltages of traction systems
IEC Standard 60038, Standard Voltages
Стандард за шински апликации BS EN 50163
Стандард за шински апликации IEC 60850
Safe operating area https://en.wikipedia.org/wiki/Safe_operating_area
Листа на електрифицирани системи
Electrification of the Transport System, European Comission 2017, Directorate-General for Research and Innovation, Studies and Report
Commons
Производители на автобуси, тролејбуси, трамваи, инвертори
bkm
etonltd
trolza
skoda
solarisbus
laz
trans-alfa
vanhool
trolleybus manufacturers
Yaskawa America
OppCharge отворен протокол
ЕЛФА Сименс
HESOP converter, ALSTOM
@UdruženjeProfesionalnihVozača https://bit.ly/2XxupYV
@KIPHZ, KIPHŽ – Klub inženjera prometa Hrvatskih željeznica https://bit.ly/2ZalxsK
@tcddturkiye, TCDD TÜRKİYE
ЕЛЕМ ветерни паркови
Сименс СГТ750 гасна турбина
Турбини: Пелтонова, Францисова, Капланова
окно
porta3.mk
СКУП МКД
Види Вака медиа, https://www.facebook.com/watch/?v=2132703696851421
Македонски Железници, историја
Македонски Железници, јавни информации
ЈСП информации за Chariot електричен автобус Безбедност за ел. возила и автомобили GB/T 19751-2005
Физибилити студија за трамвајски систем во Град Скопје, јавни податоци
Оригинални слики за ел. возила пред 1930 https://mashable.com
еуростат
GSP
Дизајн на железница, дизајн Владимир Билд информации
Кирил Минанов, предавање за електрични возила, Автономна зона ден 14, ФЕИТ амфитеатар, 24 февруари 2015, 1800 часот
Приватни видеа Кирил Минанов



More from ДебатаMore posts in Дебата »
Mission News Theme by Compete Themes.