Press "Enter" to skip to content

Електромобилност Македонија

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – електрична влеча | Марјан Матевски, Кирил Минанов

Повеќесистемска елеткролокомотива е локомотива наменета за влеча на возови на повеќе системи за напојување на контактна мрежа без застој во сообраќајот на влечениот воз. Тоа значи дека нема да се врши промена на локомотивата при промена на контактната мрежа со друго напојување. Тоа овозможува оваа локомотива да се користи во…

Соопштение за јавност: Бараме оставка на сите пратеници во Собранието на Република Македонија коишто на 27 мај 2019, не учествуваа во дискусијата на пленарната седница за Законот за возила

Ние, во Организацијата за електрични возила во Македонија бараме оставка од сите пратеници во Собранието на Република Македонија коишто на 27 мај 2019, не учествуваа во дискусијата на пленарната седница за Законот за возила. Жално и трагично е што Законот за возила чека во собраниска процедура околу 2 (две) години,…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – контрола и управување на микромотори | Кирил Минанов

Комфорот во возилата ги вознемирува производителите да вградуваат повеќе електромотори од потребното, во некои модели на автомобили и до 30 електромотори. Сите моторчиња мора да се активираат и деактивираат, мора да бидат сврзани со панел во видно поле на возач и патници, поради контрола, а тоа значи вмрежување со бакарни…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – топологии на напојувања и подстаници | Кирил Минанов

Што е подстаница?  Се работи за чвор, во електроенергетски систем. Во класична смисла зборуваме за партер ширина и должина, заштитен со ограда, каде можеме да видиме интерконекција меѓу мрежи, жици од една страна, жици од друга страна и медиум на поврзаување помеѓу, потоа, поврзани трансформатори од една и од друга…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – формули | Кирил Минанов

Димензии на модуларна ЛРТ композиција Ширина од 2,5 метри до 3,5 метри. Висина на гарнитура внатре во салон за патници до 2,5 метра. Висина на ЛРТ горна надворешна граница, под 3 метри. Нископодни ЛРТ композиции со висина од 0,3 метри до 0,7 метри. Капацитет на патници во модуларна ЛРТ композиција…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – LRT мастер план | Кирил Минанов

Light Tram System или Light Rail Tram Билбао, Шпанија Во буквален превод, Лесен Трамвајски Систем, или пак, лесен шински транзит (LRT) или пак, брз трамвај како урбан железнички транзит со помош на возен парк којшто е сличен, но редуциран од трамвај, но работи со поголем капацитет, а често има и…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – инженерски антиупатства | Кирил Минанов

Исправувачки трансформатор се комбинира со диоди или тиристори за исправување. Може да биде вклучена и регулација на напон. Се користи каде што има значителни количини еднонасочна струја. Повеќето технологии се темелат на постоење на трафо во преобразувач со што би се намалиле несакани хармоници. Преобразувач според тоа, зависи од извор…

(инфо) Од Кина до Македонија: Пристигнуваат 4 електрични локомотиви за Македонски Железници | MZ 443

Прва од четирите локомотиви MZ 443 произведени од China National Railway Locomotive & Rolling Stock Industry Corporation за Македонските железници е на пат за Македонија. Македонските железници објавија тендер за 4 локомотиви од СRRC, во мај 2017. Тендерот чини 8 милиони евра што воопшто не е скапо со оглед на…

(download) Студија за истражување на влијанија на интеграција на ел. возила во електроенергетскиот систем на Република Македонија | МЕПСО + DNV GL Energy Advisory GmbH | 16.04.2019

На 16.04.2019 (вторник) со почеток од 10:00-12:00 часот, на ФЕИТ – Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје, во просторите на ИНОФЕИТ – Центар за трансфер на технологии и иновации беше организирана презентација на Студија за истражување на влијанијата на интеграција на електричните возила во електроенергетскиот систем на Република Македонија | Study effects…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – тракција и формирање трака | Кирил Минанов

На сликата е прикажан шематски приказ на трака којашто се состои од две шини кои стојат на праг којшто може да биде од процесирано дрво, бетон или челик, прицврстени со помош на соодветнa подлогa. На железничките линии, праговите се закотвени на баласт од чакал или на бетонски платформи коишто имаат…

Белешки за електрификација на транспортот – култура X

коментар: Интересни за читање се текстовите на писатели коишто ја поврзуваат железницата со книжевни дела. Во таква смисла, решив во делот култура да споделам текстови коишто се директно поврзани со тоа што го истражувам, имено на Тим Паркс и на Влада Урошевиќ. И двата текста се објавени на порталот окно.…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – возила и безбедност | Кирил Минанов

Електричен автомобил – електромобил е автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување. Ера на електричните возила Електричните автомобили…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – пантограф и троли | Кирил Минанов

Пантограф е уред којшто влече електрична енергија од надземен вод за електрични возови или трамваи. Терминот произлегува од сличноста на пантографските уреди за копирање и пишување и цртежи. Најзастапен тип на пантограф денес е таканаречениот полупантограф или „Z пантограф“, пантограф во форма на латиничната буква „Z“, којшто еволуирал во компактен…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – траси | Кирил Минанов

Градоначалникот или Градоначалничката на Град Скопје кој/којашто ќе почне да го гради лесниот трамвај ќе влезе во историјата на градот како историјска личност, како визионер. Во таа смисла, Генералниот урбанистички план и Деталниот урбанистички план на Град Скопје ќе мора да ги фиксираат шинските траси за да не може во…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – еднонасочен и/или наизменичен шински систем | Кирил Минанов

Шински електрифициран систем Доставува електрична енергија во електрични локомотиви и гарнитури со цел електричните возови да функционираат без да имаат примарен двигател, како на пример дизел генератор или батериски систем. Постојат неколку типови електрифицирани системи коишто се користат денес во светот. Одлики на електрифициран транспорт Главна одлика на електрифицираниот транспорт…

Состојба: Акутна егзацербација на хронично палење на отворено | О2 Иницијатива

🔴 Причини: Човечки фактор, потикнат од разни побуди– да се отстрани она што останало на нивите, – да никне нова трева за пасење на добиток, – да се исечат дрва, – да се зголемат пасишта, земјоделско земјиште на сметка на шуми– да се претвори во градежна парцела,  – да се извади бакар од кабли…

Историја на Македонски Железници преку фото документација

Првото железничко поврзување во просторот на Македонија се случил во 1873 година кога е воспоставена железничка врска меѓу Солун и Скопје со Ориенталната железница (CO – Chemins de fer Orientaux) по фази: Солун – Миравци во 06.06.1872 година и Mиравци – Криволак во 09.01.1873 година. Свечeност по повод првиот воз…

Белешки за електрификација на транспортот во Град Скопје – мотори | Кирил Минанов

Согледувања и искустваEднонасочни мотори vs. трофазни асинхрони мотори Пред дваесет години комплетниот електричен транспорт се базираше на еднонасочен мотор. Во последно време воглавно се користат асинхрони и синхрони мотори. Еднонасочните мотори со сериска побуда долго време беа користени во погон за електрична влеча поради „меката“ карактеристика момент/брзина којашто се комбинира…

Mission News Theme by Compete Themes.